Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Сподели
Сподели

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со два натпревари.

Утре во 17 часот на теренот на ФФМ ќе се соочат Скопје и Тиквеш, а правдата ќе ја дели Фуркан Идризи негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓиески и Имран Абази а пак четврти судија е биде Ндерим Тефику. Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓорѓиески, додека пак оператор за повторување на снимка е Петар Стојановски.

За контролор на овој меч е одреден Илир Сеља, а делегат ќе биде Васко Бошевски.

Во 19 часот во Штип ќе започне мечот меѓу Брегалница и Башкими, а правдата ќе ја дели Доне Ристовски, негови асистенти ќе бидат Гоце Петрески и Дарко Видиниќ, а четврти судија е Марјан Дејаноски.

Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Мартин Дејаноски, додека пак оператор за повторување на снимка е Матеј Димитриевски.

За контролор на овој меч е делегиран Делчо Јакимовски а контролор ќе биде Драган Блажовски.



Во собата се игра еден меч од 16:30 часот на стадионот Чаир ќе играат Шкендија Арачиново и Арсими, каде делител на правдата ќе биде Димитар Пилешков, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин, за четврти судија е делегиран Бењамин Ќерими.

Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Гоце Петрески, додека пак оператор за повторување на снимка е Диме Димовски.

Контролор ќе биде Александар Ставрев, а делегат Слаѓан Божиновски.



Во понеделник ќе се играат два меча за комплетирање на колото. ОД 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“ Вардар ќе игра против Силекс, а главен судија ќе биде Игор Стојчевски додека негови асистенти ќе бидат Владимир Митревски и Александар Ѓурковски, четврти судија е Благојче Ралевски.

Во ВАР собата ќе биде Влатко Илиоски и Борис Трајков додека пак оператор за повторување на снимка е Виктор Васев.

За контролор е одреден Јосип Бартон, а за делегат Тони Ефтимов.

Колото се затвара во 19 часот со мечот меѓу Шкендија и Струга Трим Лум кој се игра на теренот на ФФМ, каде главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски.

Асистенти на овој меч ќе биде Тоше Ицев и Драган Трпчевски, а четврти судија е Александар Василевски.

Во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Мартин Петковски, додека пак оператор за повторување на снимка е Деан Стефков.

За контролор е одреден Димитар Мечкаровски, а за делегат Зоран Перески.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!