Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци.

Најмладите членови добија свои маички, а посебна радост им донесе можноста да се фотографираат со своите фудбалски идоли. Токму ваквите моменти се од особено значење за децата, кои добија можност да создадат спомени што долго ќе ги паметат.

Од клубот истакнуваат дека целта е да се негува љубовта кон Тиквеш и фудбалот, но и најмладите да се инспирираат да сонуваат големи фудбалски соништа.

„За нас, токму овие моменти се највредни – да создадеме спомени кои децата ќе ги паметат, да ја негуваме љубовта кон Тиквеш и да ги инспирираме нашите најмлади да сонуваат големи фудбалски соништа.“

Од ГФК Тиквеш упатија и благодарност до сите кои помогнаа оваа идеја да стане реалност и придонесоа за создавање на ден исполнет со радост, насмевки и незаборавни моменти за најмладите фудбалери.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!