Турнири

„Куклиш 2024“: Еклектик преку пенали до четвртфинале, Дрвош преку Коцев во следна фаза, СВР Струмица убедлива!

Сподели
Сподели

Вечерва започнаа осминафиналните возбудувања на турнирот во мал фудбал „Куклиш 2024“ каде што победникот на првиот меч меѓу Еклектик и Чореви Транс се решаваше преку пенали, откако во регуларниот дел резултатот беше 3:3.

За Еклектик стрелци беа Младен Љумовиќ, Христијан Чукарски и Бојан Мичковски, а за имот на Чореви Транс двоен стрелец беше Трајче Митров, а еден гол постигна Христијан Крстев.

Во вториот меч тимот на СВР Струмица со 2:5 лесно се справи со Куклиш, во меч каде за поразениот тим Борис Ризов беше двоен стрелец, а пак за победникот двапати погоди Филип Зиламов, а по еднаш Мите Митров, Иље Петров и Серафимчо Тасев.

Во последниот меч Дрвош со 5:2 беше пресилен за тимот на Баламов Компани, со тоа што Александар Коцев постигна хет-трик за победничкиот тим, а по еден гол постигнаа Аце Ѓоргиев и Пепи Гугуљанов, додека пак за поразениот тим стрелци беа Оливер Маринковиќ и Крсте Тодоров.

Утре ќе биде слободен ден и нема да има натпревари, а возбудувањата продолжуваат во петок.


Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!