Втора лигаФудбал

Пелистер продолжува со засилувањата: Давид Ивановски пристигна во Битола

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Второлигашот Пелистер продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување во битолскиот клуб е 19-годишниот напаѓач Давид Ивановски, кој пристигнува од редовите на Кожуф.

Станува збор за млад офанзивен фудбалер кој треба да внесе дополнителна конкуренција во нападот на „зелено-белите“. Ивановски своето фудбалско образование го стекнуваше во младинските школи на швајцарските Винтертур и Сент Гален, пред кариерата да ја продолжи на македонските терени.

Со неговото ангажирање, Пелистер продолжува со големата реконструкција на тимот по испаѓањето од Првата македонска фудбалска лига. Во Битола не ја кријат желбата експресно да се вратат во елитното друштво, па клубот веќе формира состав кој ќе биде меѓу главните фаворити за освојување на врвот во Втората лига.



Новата сезона за Пелистер започнува на 15 август, кога битолчани ќе имаат можност пред својата публика да го направат првиот чекор кон остварување на целта. Во воведното коло на домашен терен ќе го пречекаат дебитантот Камјани, натпревар кој ќе биде прва можност новите засилувања, меѓу кои и Давид Ивановски, да се претстават пред навивачите.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!