Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ана Димитровска со два гола ја предводеше Каменица Саса до победа на контролката против Речица

Сподели
Сподели

ЖФК Каменица Саса успешно го отвори циклусот контролни натпревари во пресрет на новата сезона. „Рударките“ славеа со 0:2 против екипата на Речица, а херој на натпреварот беше капитенката Ана Димитровска, која ги постигна двата погодоци за победата.

Овој пријателски натпревар беше уште една можност стручниот штаб предводен од Зоран Златковски да ја провери моменталната форма на тимот, а Каменица Саса во периодот што следи ќе одигра уште неколку контролни средби со цел екипата максимално подготвена да ја дочека новата сезона.

Амбициите на клубот и оваа сезона се највисоки – напад на шампионската титула. Најголемиот дел од ростерот е задржан, што треба да обезбеди континуитет и стабилност во играта.

Како што претходно објави Спортска Мрежа, единствено бразилската интернационалка Тчеури Гоја го напушти клубот, додека раководството веќе донесе две странски засилувања.

Во редовите на Каменица Саса се врати бугарската репрезентативка Антонина Шопска, а клубот ја ангажираше и интернационалката од Црна Гора, Анџела Саововиќ, со што дополнително ги засили редовите во пресрет на новите предизвици.

Победата над Речица е добар показател дека тимот се движи во посакуваната насока, а во Македонска Каменица веруваат дека со квалитетниот ростер и добрата подготовка ќе бидат сериозен кандидат за освојување на шампионската титула во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч од првата фаза на Купот на Македонија односно 1/16 финалето меѓу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски го облекува дресот на тимот од Јосифово за сезона 2026/2027. 20-годишниот...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!