Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува квалитетно да го засилува својот ростер за предизвиците во Трета лига регион 1, каде целта ќе биде шампионскиот пехар и бараж за Втора лига.
Најново име во тимот на Горан Симов е искусниот Бурхан Алији, 36-годишникот последно настапуваше за Шкендија Арачиново, а низ неговата кариера беше дел од Башкими, Силекс, Охрид, Еуромилк ГЛ, Гостивар, Дрита Боговиње, тетовска Шкендија, Тетекс и Милано Куманово, а пак меѓународна кариера градеше во Косово настапувајќи за Лириа и Велазерими.
Со ангажманот на Алији, Илинден значително го засилува редниот ред со фудбалер кој зад себе има огромно искуство, креативец со одлично фудбалско знаење, кој треба да биде главен адут во трката за влез во Втора лига.
Како тргна градењето на оваа фудбалска приказна, дефинитивно Илинден ќе биде меѓу главните фаворити и меѓу сите шест региони, а како најголем предизвик ќе му биде БВК Коњаре бидејќи ќе биде директен конкурент.