Прва лигаФудбал

Тиквеш го засили ростерот: Октај Ракипи пристигна во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Прволигашот ГФК Тиквеш продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во редовите на кавадаречкиот клуб е Октај Ракипи, кој и официјално го облече црвено-белиот дрес.

Ракипи во Кавадарци пристигнува од словенечкиот Јесенице, а зад себе веќе има искуство и на македонската фудбалска сцена, настапувајќи за Беса 1976, Борец Велес и Шкендија. Станува збор за млад, амбициозен и технички поткован фудбалер, од кого во Тиквеш очекуваат да донесе дополнителен квалитет и конкуренција во тимот.

Од клубот истакнуваат дека неговата работна етика, енергија и желба за напредок целосно се вклопуваат во визијата што ја градат за иднината на Тиквеш, изразувајќи уверување дека пред двете страни претстои успешно заедничко поглавје.

Со ангажманот на Ракипи, тренерот Оливер Богатинов добива уште една квалитетна опција во средниот ред, со што дополнително се зголемува конкуренцијата во составот.



Тиквеш во одлично расположение го пречекува новото засилување, откако сезоната во Првата македонска фудбалска лига ја отвори на убедлив начин. Кавадаречкиот состав во првото коло славеше со 5-1 против Арсими, испраќајќи јасна порака дека и оваа сезона ќе има високи амбиции во домашниот шампионат.

Со доаѓањето на Октај Ракипи, Тиквеш продолжува да го комплетира ростерот, со цел тимот да остане конкурентен и да ги оствари зацртаните цели во новата прволигашка сезона.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!