Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каменица Саса со шампионски амбиции: Се врати Шопска од Бугарија, засилување доаѓа и од Црна Гора

Сподели
Сподели



Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот, ЖФК Каменица Саса, интензивно се подготвува за новата натпреварувачка сезона, во која клубот има јасна цел – враќање во самиот врв на македонскиот женски фудбал и напад на шампионската титула.

Избраничките на тренерот Зоран Златковски со подготовките започнаа на 20 јули, а тренажниот процес се одвива во Македонска Каменица, каде, според клубот, се обезбедени одлични услови за работа.

Првиот контролен натпревар е закажан за 5 август во Речица со почеток од 18:00 часот. Потоа, на 9 август, на Денот на дијаспората, Каменица Саса ќе одигра уште една контролна средба во Македонска Каменица. Клубот потврди дека противник ќе биде актуелниот шампион ЖФК Скопје 2014, а натпреварот ќе започне во 15:00 часот.

Контролните натпревари ќе бидат заокружени со настапот на традиционалниот турнир во Речица на 15 и 16 август, каде Каменица Саса ќе одигра уште две средби, по што целосно ќе се насочи кон стартот на првенството и гостувањето кај ЖФК Љуботен во првото коло.



Во играчкиот кадар нема многу промени. Единствено клубот се раздели со Бразилката Гоја Тчеури, на која не ѝ беше продолжен договорот, додека сите останати фудбалерки од минатата сезона остануваат во составот.

Во меѓувреме, клубот ги засили своите редови со две интернационалки. Едногодишен договор потпиша бугарската репрезентативка Антонина Шопска, која пристигнува од шампионот на Бугарија, ЖФК Лудогорец, а која се враќа во редовите на тимот од Македонска Каменица односно доаѓа во добро позната средина. Ново име во тимот е и црногорската интернационалка Анџела Савовиќ, која доаѓа од хрватскиот ЖНК Сплит.



Од клубот откриваат дека трансфер-активностите сè уште не се завршени и дека во тек се разговори со уште неколку фудбалерки. Доколку се процени дека ќе донесат дополнителен квалитет, можно е да бидат ангажирани уште едно или две нови засилувања.

Каменица Саса, клуб кој во минатото настапуваше и во квалификациите за Лигата на шампионите, минатата сезона го освои петтото место, но беше на само шест бодови од третопласираниот тим. Во новата сезона, амбициите се значително повисоки – борба за шампионската титула, која ја брани Скопје, како и напад на трофејот во Купот на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива Паланка со убедливи 4:0 во натпревар од четвртата рунда на Трета...

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!