Вчера во Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со што е познат распоредот за новата сезона која започнува на 23 август.
Шампионот Скопје одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Кочани, првото коло носи дерби во Скопје меѓу Вардар и Истатов.
Љуботен сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Каменица Саса, Тиверија Брера на домашен терен ќе игра против новиот прволигаш Конзули кој ќе го носи името на Пелистер во новата сезона, а пак Речица ќе го пречека струшки Ас Јунајтед на домашен терен.
