Денес на стадионот „Алумина“ во Скопје се одигра контролен натпревар меѓу второлигашите Работнички и Осогово, кој заврши со триумф за „романтичарите“ од 2:1.
Стрелци за „романтичарите“ беа Мисердовски кој беше стрелец на првиот гол и Кудијан кој го постигна вториот гол за тимот од Дебар Маало.
Работнички кој лани испадна од Првата лига, новата сезона во ВМФЛ ја отвара против Кожуф на домашен терен, а пак Осогово ќе стартува од Струмица каде ќе се соочи со Беласица.