Ракомет

Трансфер-бомба: Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот женски ракомет, Марија Анчева, ќе го носи дресот на Ѓорче Петров 2

Сподели
Сподели



Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, според ексклузивни информации на Спортска Мрежа, денес кажа „да“ за трансфер во Ѓорче Петров 2, каде ќе ја продолжи својата богата кариера.

Искусната 32-годишна ракометарка, која настапува на позицијата лев бек, неодамна се раздели со Астибо, откако штипскиот клуб поради финансиски проблеми се откажа од настапот во Супер лигата, иако избори опстанок на теренот. По разделбата, Анчева беше едно од најбараните имиња на домашниот трансфер-пазар, а изборот на крајот падна на амбициозниот суперлигаш од Скопје.

Ѓорче Петров 2 минатата сезона обезбеди пласман во Супер лигата преку баражот, откако беше поуспешен од Пелистер, а со ангажманот на Анчева добива огромно засилување и значително ќе го подигне квалитетот во пресрет на новата сезона. Штипјанката отсега ќе ги брани боите на „лавиците“ и ќе биде еден од главните адути на тимот.

Анчева зад себе остави уште една извонредна сезона. Во дресот на Астибо постигна 252 погодоци, убедливо најмногу во шампионатот. Второпласирана беше Зорица Андовска од Спартак со 174 гола, односно дури 78 погодоци помалку, додека ниту една друга ракометарка не успеа да ја надмине границата од 200 постигнати голови.

Нејзините бројки со години се импресивни. Анчева е рекордер во женскиот ракомет во Македонија по бројот на постигнати голови, а воедно е и најдобар стрелец на Балканот, со повеќе од 5.000 погодоци во својата кариера – достигнување кое само ја потврдува нејзината класа и константност.

Во својата богата кариера настапуваше за Астибо, Кожувчанка, Гевгелија, Овче Поле СУ и Пелистер, со кој имаше можност да игра и на европската сцена.



Покрај клупските успеси, Анчева доби и големо индивидуално признание, откако беше прогласена за најдобар спортист на Штип во сениорска конкуренција за 2025 година, уште една потврда за нејзиниот квалитет и долгогодишен придонес во македонскиот спорт, признанија кои ги добива и во изминатите неколку години.

Со доаѓањето на Марија Анчева, Ѓорче Петров 2 испраќа јасна порака дека не планира да биде само учесник во Супер лигата. Искусната голгетерка ќе донесе лидерство, огромно искуство и голови, а нема сомнеж дека нејзиниот трансфер претставува едно од најзвучните засилувања во пресрет на новата суперлигашка сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!