Третолигашот ФК Пчиња 2015, кој се натпреварува во Третата лига – Регион 2, продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона. Ново име во редовите на клубот е голманот Давид Стојановиќ, кој ќе ја засили конкуренцијата меѓу стативите.
Стојановиќ во Пчиња 2015 пристигнува од екипата на БВК Коњаре, а во својата досегашна кариера настапуваше и за Македонија ЃП, каде стекна драгоцено искуство.
Од клубот веруваат дека неговото доаѓање ќе биде значајно засилување на голманската позиција, но и важен дел од поширокиот ростер, кој ќе биде неопходен за исполнување на амбициите во претстојната сезона.
Со ангажманот на Давид Стојановиќ, ФК Пчиња 2015 продолжува со екипирањето на тимот, со јасна цел да биде што поконкурентен во новиот шампионат на Третата лига – Регион 2.