Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија ја совлада Шведска за прва победа на Европското првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката јуниорска репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска, откако во директниот дуел за четвртото место во групата „Д“ ја совлада селекцијата на Шведска.

По трите порази во групната фаза, македонските јуниори покажаа карактер, борбеност и тимски дух кога беше најпотребно. Со заслужената победа изборија пласман во разигрувањето за позициите од 9. до 16. место.

Првото полувреме донесе изедначена игра, а Шведска на паузата замина со минимална предност од 31:30. Во продолжението, избраниците на стручниот штаб значително го подигнаа нивото на играта. Со агресивна одбрана, сигурен напад и голема енергија, Македонија целосно го презеде ритамот на натпреварот. Клучен беше третиот период, во кој нашите кошаркари создадоа предност што успешно ја зачуваа до самиот крај.

Во последната четвртина Македонија одигра зрело и дисциплинирано, не дозволувајќи им на Швеѓаните да се доближат резултатски. Така, сосема заслужено стигна до првиот триумф на шампионатот.

Капитенот Григориј Ѓорѓевиќ повторно беше предводник на тимот и беше на чекор до трипл-дабл учинок. Натпреварот го заврши со 17 поени, 11 асистенции и осум скока. Одличен придонес дадоа и Цветковски со 12 поени, Малиниќ со дабл-дабл од 11 поени и 10 скока, како и Данев, кој постигна 10 поени.

По денот за одмор, македонските јуниори ги продолжуваат настапите на Европското првенство во борбата за што подобар конечен пласман, со надеж дека ќе го задржат победничкиот ритам.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!