Останато

Пелистер Волеј ја задржа својата надеж – Мила Андоновска останува во Битола

Сподели
ФОТО: ОК Пелистер Волеј
Сподели

Женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј продолжува да го гради тимот за новата натпреварувачка сезона, а раководството обезбеди продолжување на соработката со младата одбојкарка Мила Андоновска, која и во сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на битолскиот клуб.

Андоновска е производ на школата на Пелистер Волеј и беше дел од сребрената кадетска генерација која минатата сезона оствари одличен резултат. Во клубот веруваат дека токму ваквите млади одбојкарки се темелот врз кој ќе се гради иднината на екипата.

Од Пелистер Волеј истакнуваат дека остануваат посветени на континуирано вложување во развојот на домашните таленти, а Мила Андоновска е еден од најдобрите примери за успешната работа на клубската школа.

Во битолскиот клуб очекуваат Андоновска од сезона во сезона дополнително да напредува и да има сè позначајна улога во првиот тим, продолжувајќи го патот на младите одбојкарки кои израснуваат токму во редовите на Пелистер Волеј.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!