Ракомет

Искусната Савица Мркиќ Стојанов се враќа во Македонија – ново засилување за Ѓорче Петров 2

Сподели
ФОТО: ЖРК Ѓорче Петров - МРК
Сподели

Ракометниот клуб Ѓорче Петров 2 продолжува со екипирањето за новата сезона, а најново име во тимот е искусната Савица Мркиќ Стојанов, која настапува на позицијата лев бек.

Мркиќ Стојанов во македонскиот клуб пристигнува од италијанскиот Ериче, носејќи со себе богато меѓународно искуство стекнато во неколку европски шампионати. Во текот на својата кариера настапуваше во клубови од Шпанија, Романија, Грција, Исланд, Србија, Германија, како и во други силни ракометни средини, каде изгради репутација на сигурен и квалитетен лев бек.

Со ангажманот на Мркиќ Стојанов, Ѓорче Петров 2 добива ракометарка со големо искуство, која треба да донесе дополнителен квалитет и стабилност во составот во пресрет на новите предизвици.

Од клубот официјално ѝ посакаа добредојде на искусната ракометарка, изразувајќи уверување дека нејзиното знаење, лидерски способности и долгогодишно интернационално искуство ќе бидат значајно засилување за екипата во претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
ИнтервјуРакомет

ИНТЕРВЈУ| Ристески: ,,Го исполнивме тригодишниот план, сега одиме по нови трофеи!“

Историската сезона, крунисана со трофејот во ЕХФ Европскиот куп, ги крена очекувањата...

Ракомет

Савревски: „Целите ни се секогаш високи – сакаме повторно да освојуваме трофеи“

ГРК Охрид вчера и официјално ги започна подготовките за новата сезона, која...

Ракомет

Славиќ: „Се надевам дека ќе го повториме успехот од минатата сезона и ќе освоиме барем еден трофеј“

ГРК Охрид, денес и официјално ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона,...

Ракомет

Ивана Гакидова останува во Полска: Македонската репрезентативка потпиша за Калиш

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова и во новата сезона ќе настапува во полскиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!