Ракомет

Ивана Гакидова останува во Полска: Македонската репрезентативка потпиша за Калиш

Сподели
ФОТО: Szczypiorno Kalisz
Сподели



Македонската репрезентативка Ивана Гакидова и во новата сезона ќе настапува во полскиот шампионат, но во дресот на нов клуб. Искусната ракометарка официјално е нов член на Калиш, каде што ќе ги здружи силите со уште една македонска репрезентативка, голманката Драгана Петковска.

Клубот од Калиш ја претстави Гакидова како големо засилување на позицијата пивот, истакнувајќи дека во тимот пристигнува ракометарка со богато меѓународно искуство и бројни трофеи зад себе.

Во својата кариера Гакидова ги освојуваше шампионските титули и Куповите на Македонија и Чешка, освои бронзен медал во Лигата на шампионите, а во сезоната 2022/2023 го крена трофејот во ЕХФ Европскиот куп со турскиот Коњалти Спорт. Покрај настапите во Македонија, играше и во Норвешка, Франција, Романија, Чешка, Србија и Турција, додека минатата сезона беше дел од КПР Гмина Кобјержице во полската ОРЛЕН Суперлига.

Гакидова кариерата ја започна во школата на Кастратовиќ, а во Македонија настапуваше за Металург и Вардар, пред да ја изгради успешната интернационална кариера.



По потпишувањето на договорот, македонската репрезентативка за клупските медиуми изјави дека е среќна што ќе ја продолжи својата кариера во Калиш.

„Многу сум среќна што ќе ја продолжам својата кариера во Калиш и што се приклучувам на овој тим. Подготвена сум за нови предизвици и ќе направам сè за да му помогнам на тимот да ги остварува најдобрите можни резултати. Со нетрпение ја очекувам средбата со навивачите и се надевам дека оваа сезона заедно ќе имаме многу причини за славење.“

Со трансферот на Гакидова, бројот на македонски ракометарки во најсилната полска лига се искачи на пет. Покрај неа и Драгана Петковска во Шчипјорно Калиш, во Полска ќе настапуваат и Марија Гугуљанова во Пјотрковија, како и Јована Кипријановска и Ивана Арсениевска во Старт Елблаг.

Во Шчипјорно Калиш очекуваат македонската репрезентативка со своето искуство и квалитет да биде едно од главните засилувања во борбата за што подобри резултати во сезоната 2026/2027.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!