Ракомет

Славиќ: „Се надевам дека ќе го повториме успехот од минатата сезона и ќе освоиме барем еден трофеј“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид, денес и официјално ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, а тренерот Борис Ројевиќ ја изврши првата прозивка со играчкиот кадар. По заминувањето на хрватскиот голман Кристијан Пилиповиќ, охридскиот клуб, на голманската позиција го ангажираше неговиот сонародник и хрватски репрезентативец Дино Славиќ.

Заедно со Даниел Ѓорѓески и Бојан Блажески, Охрид и во новата сезона ќе располага со квалитетно голманско трио, кое ќе има задача да го задржи високото ниво меѓу стативите, по историската сезона во која клубот го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп.

Во своето прво обраќање за Спортска Мрежа, Славиќ истакна дека е воодушевен од првите впечатоци од Охрид, од приемот што го добил во клубот и градот, а не ги крие ниту амбициите – да се нападнат трофеи во домашните натпреварувања и да се повтори европскиот успех од минатата сезона.

„Ова ми е прв тренинг со новите соиграчи. Некои од момците ги знаев од претходно, некои ги запознав денес. Мислам дека како за прв тренинг беше навистина квалитетен, имавме тестирања, не знам какви се резултатите. За првпат во мојот живот сум во Охрид, пред два дена дојдов. Навистина сум задоволен од градот, луѓето… навистина врвно ме пречекаа.”

ФОТО: ГРК Охрид

Хрватскиот репрезентативец не ги крие високите амбиции пред почетокот на сезоната. Славиќ очекува Охрид да биде конкурентен на сите фронтови, со борба за домашните трофеи, но и со желба да го повтори европскиот успех од минатата сезона, кога клубот го освои ЕХФ Европскиот куп.

,, Што се однесува на моите очекувања од новата сезона, секако очекувам дека ќе се бориме за трофеи – во Купот, Суперлигата. Се надевам дека ќе го повториме успехот на момците од минатата сезона во ЕХФ Купот и навистина посакувам да освоиме барем еден трофеј во новата сезона.“- вели Славиќ за Спортска Мрежа.

Grk ohrid
ФОТО: ГРК Охрид

Охриѓани зад себе имаат историска сезона, крунисана со европски трофеј, а во новиот шампионат амбициите остануваат подеднакво високи. Тимот на Борис Ројевиќ ќе се обиде да ја одбрани титулата во ЕХФ Европскиот куп, паралелно водејќи битка за домашните трофеи и продолжувајќи ја убавата ракометна бајка што изминатата сезона ја испиша во градот покрај Езерото.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!