Турнири

„Куклиш 2024“: Дрвош слави во мега дербито со Вистони ЖП, Винарија Здравко со висока победа

Сподели
Сподели

Вечерва одново публиката уживате во одлични натпреварит на турнирот во мал фудбал „Куклиш 2024“. Вечерва беше отворена со натпревар на јуниорите на Куклиш, а во првиот меч во сениорска конкуренија екипата на Винарија Здравко со 1:4 беше пресилна за ЕАМ Дзурдзу.

За победничкиот тим двоен стрелец беше Васко Глигоров, а по еден го постигнаа Ѓорѓи Танушев и Никола Рајдочиќ, за поразениот тим единствен стрелец беше Филип Миташев.

Дербито на вечерва го одиграа Вистони ЖП и Дрвош, во израмнет меч каде нијанси го одлучуваа мечот, а на задоволство на публиката. Дрвош преку Аце Ѓоргиев и Александар Коцев дојде до триумф од 1:2 над Вистони ЖП, за кого стрелаше Столе Иванов.

Утре на програмата ќе бидат нови натпревари. Вечерва ќе биде отворена во 18 часот со натпревар во јуниорска конкуренција, од 19 часот Дрвош против Нашето Мало, а пак од 20 часот Винарија Здравко против Чореви Транс.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!