Прва лигаФудбал

Шкупи се раздели со двајца играчи – во следните денови и првите зимски засилувања!

Сподели
Сподели

Прволигашот Шкупи информираше дека ја прекинал соработката со двајца играчи, Алекс Златков и Михал Пинтер, по спогодбен договор.

Златков кој е дефанзивец за врска, пристигна во Шкупи летото 2022 година од словенечкиот клуб Триглав. Минатата сезона тој беше на позајмица во Македонија ЃП, а по враќањето помеѓу „гулабите“ не се наметна поради конкуренцијата.

Словачки фудбалер Пинтер кој се приклучи на Шкупи во 2023 година од Вион, има одиграно 42 натпревари во сите натпреварувања за клубот, постигнувајќи еден гол и запишувајќи четири асистенции.

Клубот во следниот период ќе прави промени во играчкиот кадар, во следниот период се очекуваат и првите зимски засилувања.

Шкупи кој беше влезен во голема резултатска криза со пет победи во низа, на последните две есенски кола запиша победи и со тоа сезоната ја заврши на 6. место со 22 бодови, далеку од тоа дека Шкупи сезонава ќе се наметни за горниот дел од табелата и првите три места.

Пролетниот дел Шкупи го отвара на домашен терен со дербито против Работнички.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!