Ракомет

Бутел Скопје ја засили бековската линија – Кристијан Стаменковиќ потпиша двегодишен договор

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со комплетирањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување во редовите на скопскиот тим е десниот бек Кристијан Стаменковиќ, кој потпиша договор на две години.

21-годишниот ракометар пристигнува од актуелниот шампион Вардар, каде што мина две успешни сезони и освои двојна круна. Пред трансферот во Вардар, Стаменковиќ настапуваше за Голден Арт, каде што беше препознатлив како еден од најдобрите стрелци во тимот.

Младиот десен бек зад себе има и настапи за кадетската и младинската репрезентација на Македонија, а во Бутел Скопје повторно ќе соработува со Стојанче Стоилов, кој од ова лето ја презеде тренерската функција во клубот.

Од Бутел Скопје веруваат дека Стаменковиќ со својот квалитет, искуство и потенцијал ќе биде значајно засилување во остварувањето на клупските амбиции во сезоните што следуваат. Со неговото доаѓање, скопскиот состав продолжува да го гради тимот кој ќе биде конкурентен на домашната ракометна сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната беше отворена ефикасно со дури шест погодоци. Пчиња победнички тргна откако...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!