Прва лигаФудбал

Брегалница се засили со искусниот голман Амир Јашар

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Прволигашот Брегалница продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а ново засилување во редовите на штипските „сини“ е искусниот голман Амир Јашар.

35-годишниот чувар на мрежата пристигнува од Башкими, каде што настапуваше повеќе од година и пол. Во минатата прволигашка сезона бранеше на 24 натпревари и на шест од нив успеа да ја сочува својата мрежа недопрена, потврдувајќи ги своите квалитети и искуство.

Јашар зад себе има богата кариера. Во Македонија ги бранеше боите на Кожуф, Скопје, Гостивар, Шкупи, Тетекс и Дрита Боговиње, додека интернационално искуство стекна во Косово, настапувајќи за Вуштрија и Влазнија.

Со ангажманот на искусниот голман, Брегалница добива дополнителна сигурност меѓу стативите во пресрет на прволигашките предизвици. Раководството на клубот продолжува со формирањето на ростерот, а во наредниот период се очекуваат и нови промоции на засилувања.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига за Брегалница започнува на 25 јули, кога штипскиот состав ќе му гостува на актуелниот шампион Вардар во првото коло од шампионатот.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!