Ракомет

Познат распоредот: Вардар на 27 јули ги стартува подготовките за новата сезона

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Македонскиот шампион Вардар ги утврди плановите за подготовките пред новата сезона, во која повторно ќе биде дел од елитната Лига на шампионите. Избраниците на Иван Чупиќ ќе го започнат новиот циклус на 27 јули, а летниот период ќе биде исполнет со тренинзи и силни контролни натпревари.

Првата прозивка е закажана за 27 јули во Скопје, кога ќе биде одржан и првиот официјален тренинг. По неколку дена работа во главниот град, „црвено-црните“ од 3 до 10 август ќе ја одработат главната фаза од подготовките во Маврово.

Потоа Вардар ќе настапи на двата традиционални летни турнири во Македонија. Најнапред ќе биде дел од турнирот во Струга, кој ќе се игра од 12 до 15 август, а веднаш потоа ќе учествува и на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, од 18 до 22 август.

Меѓу двата турнири, на 17 август во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, Вардар ќе го одигра и првиот официјален натпревар во новата сезона. Во рамките на регионалната лига, со почеток од 17:00 часот, противник ќе биде српскиот вицешампион Војводина.

ФОТО: РК Вардар

Набргу потоа, на 26 или 27 август, скопскиот состав ќе гостува кај Динамо Панчево во второто коло од регионалното натпреварување, додека на 2 септември ќе се бори за првиот домашен трофеј сезонава, кога во Супер Купот ќе се соочи со Охрид.

Во меѓувреме, Вардар значително го освежи ростерот. Нови имиња во составот се Милан Бомаштар, Мохаб Абделхак, Леон Љевар и Матео Фадуил, а шанса ќе добијат и младите македонски ракометари Бобан Поповски, Марко Ѓорчески и Никола Нечовски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе одигра нов дуел со репрезентацијата на Швајцарија во гости, во оглед нашата репрезентација да извлече позитивен резултат,...

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!