ИнтернационалциФудбал

Ќе има директен ТВ пренос: Еве каде можете да го следите мечот меѓу Силекс – Динамо Минск

Сподели
Сподели



Македонските фудбалски љубители ќе имаат можност во живо да го проследат реванш натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Дуелот ќе биде емитуван во директен пренос на телевизискиот канал Арена М1 Премиум.

Кратовчани во реваншот влегуваат со голема самодоверба, откако на првиот натпревар славеа со минимални 1:0 против белорускиот претставник. Натпреварот се одигра во Бугарија, каде Динамо Минск беше формален домаќин, а избраниците на Александар Васоски направија важен чекор кон пласманот во следната квалификациска рунда.

Реваншот ќе се одигра на 16 јули на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје, со почеток од 20:00 часот.

Интересот за овој натпревар е огромен, што го потврдува и фактот дека сите билети беа распродадени неколку дена пред одигрувањето на средбата. За оние кои нема да бидат на трибините, директниот ТВ-пренос на Арена М1 Премиум ќе биде можност да ја следат европската битка на Силекс.

Доколку кратовскиот тим успее да ја зачува предноста и да го елиминира Динамо Минск, во второто квалификациско коло од Конференциската лига ќе се сретне со азербејџански Нефчи Баку.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!