ФудбалФутсал

ФФМ ги повика клубовите: Отворени пријавите за Втората футсал лига за сезоната 2026/27

Сподели
ФОТО: КМФ Железарец
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија официјално го започна процесот за пријавување на екипите кои сакаат да настапуваат во Втората футсал лига во натпреварувачката сезона 2026/2027.

Право на учество имаат сите заинтересирани футсал клубови кои ги исполнуваат условите предвидени со Статутот, Правилникот за натпреварување и останатите прописи на ФФМ. Пријавите, заедно со целокупната потребна документација, треба да бидат доставени во архивата на Фудбалската федерација на Македонија најдоцна до 1 август 2026 година, согласно рокот утврден од Комисијата за футсал.

Минатата сезона шампион во Втората футсал лига беше екипата на Железарец, која експресно се врати во елитното друштво, додека второто место го освои СЕЕ Универзити од Тетово, кој исто така обезбеди пласман во Првата футсал лига.

Во спротивен правец, од Првата футсал лига испаднаа Балкан и Мал Ајакс, кои во сезоната 2026/27 ќе се натпреваруваат во второлигашката конкуренција.

Со отворањето на пријавите започнуваат подготовките за новата сезона во Втората футсал лига, а во наредниот период ќе биде познат и конечниот список на клубови кои ќе бидат дел од натпреварувањето.

Пријава – Втора футсал лига – 2026-2027

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Најдобриот напад против најдобрата одбрана, а Љуботен може да се одлепи на врвот

Тиверија Брера со 48 гола го има најефикасниот напад во лигата, а шампионот Скопје со само осум примени гола ја има најдобрата одбрана....

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!