Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Покрај Стојанов во Брегалница останува Темелков, Рајков и капитенот Коцев

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Брегалница интензивно започнува од денес да го гради ростерот за новата сезона, откако изминатиот период се водеа интензивни преговори за нови засилувања.

Како што објави Спортска Мрежа откако Брегалница го претстави Мартин Стојанов како прво летно засилување, во тимот на „сините“ и во следната сезона останува Ристе Темелков, Бојан Рајков и капитенот Стефан Коцев.

Ова е исклучително важно за Брегалница бидејќи шампионатот започнува на 25 јули, а „сините“ интензивно работат на ангажман на нови засилувања.

Според ексклузивни информации до кои дојде Спортска Мрежа, Брегалница има договорено уште неколку засилувања, а во следните денови секојдневно ќе се објавува по едно засилување со што ќе биде познат ликот на Брегалница за предизвиците во Првата лига, откако минатата сезона штипјани станаа шампиони во Втора лига.

Инаку, 28-годишниот Темелков минатото лето пристигна во Брегалница и даде голем придонес „сините“ да дојдат до посакуваната цел – влез во Втора лига. Низ неговата кариера настапуваше и за Македонија ЃП, Тиквеш Брера Струмица, Хоризонт Турново, а меѓународна кариера градеше во Феризај од Косово.



Рајков зимава пристигна во матичниот клуб од Силекс, а беше дел од Вардар Форино и Кит Го од Пехчево.

Коцев кој ја носи капитенската лента на Брегалница, се врати од тетовска Шкендија во матичниот клуб минатата сезона, претходно беше дел од Силекс, а меѓународна кариера градеше во Косово, Грција и Казахстан.

Новата сезона Брегалница ја отвара против шампионот Вардар во гости.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!