ИнтернационалциФудбал

Распродадени билетите за европскиот спектакл: Силекс со полни трибини ќе го пречека Динамо Минск

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели



Фудбалскиот клуб Силекс ќе има максимална поддршка од своите навивачи на реванш натпреварот против Динамо Минск во првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига. Кратовци соопштија дека сите билети за натпреварот се целосно распродадени, па на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје се очекува одлична атмосфера и исполнети трибини.

Екипата на Силекс ќе влезе во реваншот со гол предност, откако на првиот натпревар славеше со минимални 0:1 против Динамо Минск. Македонскиот претставник сега пред своите навивачи ќе се обиде да го завери пласманот во следната квалификациска рунда од Конференциската лига.

Од клубот преку официјално соопштение им се заблагодарија на навивачите за огромниот интерес и поддршката.

„ФК Силекс ја известува јавноста дека сите влезници за реванш натпреварот од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига помеѓу ФК Силекс и ФК Динамо Минск се целосно распродадени!

Ви благодариме за огромната поддршка. Во четврток очекуваме исполнети трибини и силна атмосфера на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Заедно да го бодриме Силекс на европската сцена!“

Со распродадените билети, кратовскиот состав ќе има дополнителен мотив во борбата за нов европски успех и пласман во следната фаза од натпреварувањето. Натпреварот се игра во четврток со почеток од 20 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!