Останати репрезентацииОстанато

Одличен настап на македонските атлетичари: Сребро и рекорди на Балканското првенство во Романија У20

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Македонските атлетичари до 20 години имаа успешен настап на Балканското првенство во Романија, каде што освоија сребрен медал, поставија нов младински национален рекорд и забележаа повеќе лични и национални достигнувања.

Најголемиот успех го оствари женската штафета на 4х100 метри, која го освои сребрениот медал со нов младински национален рекорд од 48.95 секунди. Во составот на штафетата настапија Ева Митевска, Тамара Атанасовска, Лина Исени и Марта Димковска, кои го подобрија националниот рекорд што беше поставен уште во 1999 година.

Одличен настап имаше и Брајан Авиа, кој во скок во далечина постави нов младински национален рекорд со резултат од 7.15 метри, подобрувајќи го својот личен рекорд за четири сантиметри. Со овој скок го освои шестото место. Авиа беше успешен и во дисциплината скок во височина, каде со прескокнати 2.04 метри го освои петтото место.

Во скок во височина настапи и Иван Поповски, кој постави нов личен рекорд од 1.91 метар, што му донесе деветта позиција во конечниот пласман.

Во спринтот на 100 метри, Ева Митевска истрча нов личен рекорд од 12.40 секунди и го освои 11. место, додека Тамара Атанасовска со време од 12.63 секунди, исто така личен рекорд, се пласираше на 13. место.

Марта Димковска настапи и на трката на 400 метри, каде го освои 10. место.

Настапот на македонските атлетичари на Балканското првенство донесе значајни резултати, нов национален рекорд, бројни лични рекорди и уште една потврда за потенцијалот на младата генерација македонски атлетичари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија доби трибини

Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија, каде традиционално се одржува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, за првпат доби трибини, со што...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Ѓорѓе Стојчев прозиваше – Брера Струмица ги започна подготовките

Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Ѓорѓе Стојчев ја имаше првата прозивка. Тимот се...

Поврзани написи
Останато

Ристески, Милев, Јосифов и Ајети со ФИВБ Левел 2 лиценца

Македонските тренери Кристијан Ристески, Атанас Милев, Ѓоко Јосифов и Хабил Ајети успешно...

Останато

Сара Митевска и Стефан Мицов се новите шампиони на Македонија во тенис

Нови државни прваци за 2026 година се Сара Митевски и Стефан Мицов, кои во денешните...

Останато

Тројца македонски пливачи ќе ја претставуваат Македонија на Европското младинско првенство во Минхен

Македонското пливање ќе има свои претставници на Европското младинско првенство, кое од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!