Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Втор пораз на македонските кошаркарки У18 од селекцијата на Бугарија на вториот контролен дуел

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари против Бугарија, откако во денешниот дуел во Ботевград домаќинот славеше со 77:56.

Македонската селекција настапи значително ослабена поради отсуството на неколку важни кошаркарки – Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, како и Вања Милосаљевиќ, која не беше во составот за овој натпревар. Бугарија тоа го искористи и уште од самиот почеток наметна силно темпо, создавајќи убедлива предност.

По првата четвртина домашната репрезентација имаше водство од 27:11, а на полувремето разликата изнесуваше 42:21.

Во второто полувреме избраничките на селекторот Виктор Петровски одиграа далеку поорганизирано и порамноправно. Натпреварот беше изедначен во продолжението, а Македонија во последната четвртина успеа да ја намали негативата и да остави подобар впечаток пред крајот на средбата.

Најефикасна во македонскиот состав беше Карајованова, која забележа „дабл-дабл“ со 13 поени и 11 скока. Трајковска додаде 11 поени, додека Пислевска натпреварот го заврши со девет поени.

Двата контролни натпревари во Ботевград беа дел од подготовките на македонската репрезентација за Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 31 јули до 9 август ќе се одржи во Тулчеа, Романија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Димитриевски ја сочува победата во Елче — пред Валенсија сега е тежок меч со Реал Мадрид

Столе Димитриевски со интервенција во судиското продолжение помогна Валенсија да освои значајни три бода на гостувањето кај Елче. Македонскиот репрезентативен голман остана несовладан...

Прва лигаФудбал

Скопје и Силекс ремизираа без голови на „Железарница“

Прв бод за Иван Варадиновски како тренер на Скопје, Силекс пропушти можност да се доближи со третото место. Скопје и Силекс ремизираа на...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!