Втора лигаФудбал

Комплетиран стручниот штаб на ФК Пелистер пред стартот на новата сезоната

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Второлигашот Пелистер интензивно се подготвува за почетокот на новата сезона, а раководството на клубот го комплетираше и стручниот штаб кој ќе биде задолжен за работата со тимот во претстојниот шампионат.

Главниот тренер на стучниот штаб ќе биде Борче Христов, кој во новата сезона ќе има поддршка од искусен тим соработници. Функцијата прв асистент ќе ја извршува Трајче Стојковски, додека втор асистент ќе биде Горан Ганчев. За работата со голманите ќе се грижи Илче Петровски, а за физичката подготвеност на фудбалерите ќе биде задолжен кондициониот тренер Саше Велјановски.

Со комплетираниот стручен штаб, битолчани продолжуваат со подготовките, со цел екипата максимално подготвена да го дочека стартот на новата второлигашка сезона и да ги оствари зацртаните амбиции, а тоа е враќање во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, но Кристијан...

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!