ИнтернационалциФудбал

Македонскиот бисер Матеј Гаштаров останува во Црвена Звезда до 2029

Сподели
Сподели

Младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров ја продолжи верноста со српскиот шампион Црвена Звезда, откако потпиша нов договор кој ќе важи до 2029 година.

Гаштаров во белградскиот гигант пристигна пред две години како еден од најперспективните македонски таленти, а со своите настапи и континуиран напредок успеа да се избори за место и во првиот тим на „црвено-белите“.

Деветнаесетгодишниот играч за врска се наоѓа во одлична форма и важи за еден од најталентираните фудбалери од својата генерација. Со своите игри го привлече вниманието на стручниот штаб, кој му ја укажа довербата со долгорочен договор.

Гаштаров е дете на Вардар, каде ги направи првите фудбалски чекори, а неговиот развој во Црвена Звезда претставува уште една потврда за неговиот голем потенцијал.

Новиот договор до 2029 година е јасен показател дека српскиот шампион сериозно смета на македонскиот младински репрезентативец и во наредните сезони.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!