Добри вести за ЖФК Љуботен. Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија повеќе не се наоѓа под забрана за регистрација на нови фудбалерки, откако ФИФА ја укина блокадата за трансфери.
Со ова, тетовскиот клуб во целост е тргнат од „бан листата“ и повторно може слободно да регистрира нови засилувања во летниот преоден рок, со што добива можност да го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона.
Според информациите на Спортска Мрежа, ЖФК Љуботен во наредниот период ќе биде активен на трансфер-пазарот, а се очекува клубот наскоро да промовира неколку нови фудбалерки.
Укинувањето на забраната претставува значаен чекор за тетовскиот клуб, кој сега ќе може непречено да ги реализира своите планови и да го засили тимот за новата сезона.
ЖФК Љуботен според информации на Спортска Мрежа ќе замина на летни подготовки во Златибор.