Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница активно работи на ангажман на искусни засилувања со цел значително подигање на квалитетот во сопствените редовите за новата сезона.
„Сините“ според информациите во фудбалските кругови ќе ангажираат дури осум странски засилувања, а први промоции веќе се очекува во текот на оваа недела, бидејќи и време многу и нема, бидејќи стартот на новата сезона е закажан за 25 јули, кога Брегалница сезоната ќе ја отвори со гостување кај шампионот Вардар.
Осумте странски засилувања се очекува да донесат квалитет потреба за Брегалница да води борба за нешто повеќе од сигурен опстанок.
Претходно, како што ексклузивно прва објави Спортска Мрежа, ново засилување е искусниот дефанзивец Дарко Стојанов, кој се врати од Кожуф во Брегалница.
Останува да видиме и кој ќе биде шеф на стручен штаб во Брегалница, бидејќи и натаму не извесно дали Влатко Костов ќе ги води „сините“ или сепак ќе има ново име на тренерското столче.
Од клубот ќе има и неколку заминувања, замина Јорданчо Наумоски за што ексклузивно објави Спортска Мрежа, заминува и Лука Георгиев за кој има понуди од Шведска и Данска по одличната сезона во дресот на Брегалница, пред заминување е и Давид Калпачки, кој пред две сезони беше најдобар стрелец на Брегалница, но и минатата година беше меѓу најдобрите стрелци на штипјани.
Неизвесно е и со голманот Филип Купанов, за кој има веќе понуди од странство откако одлично го чуваше голот на „сините“ минатата сезона кога беше подигна шампионскиот пехар.