Останато

Калин Ивановски: Ми помогнавте да го освојам турнирот, целта ми е да се вратам на Гренд слем турнирите

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

По триумфот на турнирот во Скопје во 2023 година, македонскиот тенисер Калин Ивановски повторно се искачи на победничкиот пиедестал, освојувајќи го и годинашното издание на Macedonian Open. За Ивановски ова беше 13-та победа на последните 14 натпревари, со што ја потврди одличната форма по враќањето на терените во јуни, по повеќемесечната пауза предизвикана од повреда.

„Се вратив, по една година повреди со многу маки. Голема чест е да се игра пред наша публика, ми дававте многу мотив и вчера и денес. Ми помогнавте да го освојам турнирот. Но, ова е само еден турнир. Треба многу сериозно да се работи. Целта ми е да се вратам да настапам на Гренд слем турнир ова е само прв чекор, “ изјави Ивановски за време на церемонијата на доделувањето на наградите.

Ивановски ја освои шестата титула во неговата тениска кариера, а втора на турнирот во Скопје.

За комплетниот впечаток на турнирот се погрижија Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои вчера триумфираа во конкуренција на двојки.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!