Турнири

Три убедливи победи за екипата на Гала Бау Роко Виери на турнирот „Куклиш 2024“ – многу погодоци!

Сподели
Сподели

Вечерва на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“ екипата на Гала Бау Роко Виери одигра три натпревари и без било какви проблеми забележа три победи.

На првиот меч овој тим со 4:3 славеше над Јови МК, во меч каде за победничкиот тим стрелци беа Веизвоски, Крстевски, Емини и Ќамили со по еден гол, а пак за поразениот тим стрелаа Гавровски и Трајков два гола.

Во вториот меч Гала Бау Роко Виери со 9:6 го декласираше тимот на Парналија, откако на овој меч за победничкиот тим Шабанов и Емини постигнаа по еден гол, а пак Тошевски и Ќамили по два, а хет-трик имаше Казимов.

За екипата на Парналија четири пола Сердар Адемов, а по еден гол постигнаа Илхан Адемов и Даил Арифов.

Во третиот меч екипата на Гала Бау Роко Виери со 3:1 славеше над Фенербахче, каде Емини беше стрелец на еден гол, а Тошевски на два гола, додека пак а поразениот тим стрелец беше Демов.

Утре ќе се одиграат нови три натпревари, а вечерва ќе биде отворена во 19 часот Еклектик против Криго Трејд Куклиш, еден час подоцна Герасов против екипата на Баджо Компани, а пак од 21 часот Герасов ќе игра против тимот на Куклиш.


Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

РК Феникс в недела го игра првиот официјален натпревар против Младост во Радовиш

Новоформираниот ракометен клуб Феникс од Радовиш во недела ќе го одигра првиот официјален натпревар откако клубот започна со работа пред околу седум месеци....

Ракомет

Прилеп ја засилува бековската линија со 17-годишниот Лав Зековиќ

РК Прилеп продолжува да го подмладува и засилува својот ростер, а најново име во екипата е 17-годишниот Лав Зековиќ од Црна Гора. Младиот...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!