Трета лигаФудбал

Физички нападнат судија во Трета лига – Југ, а на друг меч се одигра само едно полувреме!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Последното есенско коло во Трета лига – Југ немаше мирна завршница, откако два натпревари не го дочекаа својот крај.

Натпреварот меѓу Слога 1976 и Влазними Јуниор се одигра само првото полувреме, второто полувреме воопшто и не започна, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

„На полувреме претставникот на гостинската екипа побара идентификација за домашниот играч со број 1, побаравме од домашната екипа играчот да се појави. Претставникот на домашната екипа не извести дека одма по завршувањето на првото полувреме му се слоши и со кола го однеле на болница. Поради тоа гостинската екипа изјави дека не сака да го продолжи натпреварот со стекнат резултат 1:1 до полувреме. Гостинската екипа најавува жалба“, се вели во делот за примедби на делегатот во записникот од натпреварот.

Во првиот дел беа постигнати по еден погодок на двете страни, Мерсин Мемедоски постигна гол во 19. минута за 0:1 од пенал, а во 28. минута Ферди Амедоски заработи директен црвен картон со што гостинскиот тим останува без играч помалку на теренот. Во 40. минута од натпреварот Нермин Каришик постигна гол за 1:1.

Ниту натпреварот меѓу Големо Коњари и Дреново 2016 не го дочека својот крај, откако истиот беше прекинат при резултат од 2:1 во 59. минута поради физички напад на главниот судија.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, Михо Андреевски постигна гол за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Мустафа Селманоски погоди за 2:0 во 53. минута. Само една минута подоцна Арменд Мемедов погоди за 2:1.


Како што е наведено во самиот записник во 57. минута од натпреварот фудбалерот со број 2 на гостинската екипа Аркан Мустафов во 57. минута добива директен црвен картон.

  • ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ ГОЛЕМО КОЊАРИ – ДРЕНОВО 2016:

„Во 59. минута од натпреварот настана прекин поради физички напад врз главниот судија. Нахнадно ќе следуваат дополнителни изјави од делегатот и од судиите“, се вели во делот за примедби на делегатот на записникот од овој натпревар.


Дополнително, како што може да видете од записникот погоре играчот Аркан Мустафов кој добил црвен картон, всушност не е Аркан Мустафов, туку играч кој играл на лажна книшка, односно на книшката на Мустафов. Тука навистина е настанат хаос. Мустафов за Спортска Мрежа потврди дека не го одиграл овој натпревар, што значи дека некој друг ја злоупотребил неговата книшка и игра на овој натпревар.

Во следниот период ќе треба да се донесат официјални одлуки за овие два натпревари и дали би имало некакви санкции, какви и за кого?

Како што веќе инфорамираше Спортска Мрежа пред почеток на првенството се откажа екипата на Марена, а во текот на првенството се откажа и екипата на Обршани, со што во овој регион во секое коло има по две слободни екипи. Наместо 14 екипи се натпреваруваат 12.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!