ФудбалФутсал

Балкан и Кораби во следно коло од Купот, Кратово се радува на голем триумф!

Сподели
Сподели

Денес беше комплетирано елиминациското коло од футсал Купот на Македонија. Како што веќе информираше Спортска Мрежа Партизан Југ прв обезбеди следна фаза откако го совлада Сее Университи со 4:9.

Вчера Победа и Конзули во Битола одиграа 7:7 во регуларниот дел, па победникот се решаваше преку пенал рулетот каде подобри со 3:2 беа прилепчани.

Крајоски постигна хет-трик за Победа, Османоски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Митриќески и Каришик, додека пак за КОнзули хет-трик постигна Веизовски, Јовановски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Гелевски и Гиновски.

Ланскиот прволигаш Овче Поле преку пенали беше елиминиран од Мал Ајакс, откако двете екипи одиграа 3:3. Иван Наунов беше двоен стрелец за тимот од Свети Николе, а Лука Наумов беше стрелец на еден гол, додека пак за тимот од Штп Наков беше двоен стрелец, а Дурмишов стрелец на еден гол.

Во пенал серијата беше 4:5 за штипскиот тим,а во пенал серијата за Овче Поле годија Икица Јованов, Дамјан Благоевски, Давид Бојковски, Иван Наунов, а не реализираа Јорданче Јорданов и Никола Арсов, за штипјани реализираа Слободановски, Синанов, Наков, Трајанов и Дурмишов, а пак Тошев и Стојанов не реализираа.

Денес Кратово се радуваше на следна фаза од Купот откако со 2:4 славеше над ланскиот прволигаш Карадаку во Липково.

Салим Реџепи и Арбен Ајредини беа стрелеци за Карадаку, а пак за Кратово стрелци беа Димитар Стојановски, Никола Стојчевски, Михаил Спасовски и Давид Стојановски.

Балкан со 9:5 слави висока победа над Каршиака и со тоа патува во следната фаза од Купот.

Ибрахим Алији беше најдобар стрелец за Балкан со пет погодоци, Кадар Амза постигна два гола, а по еден гол постигнаа Пајтим Реџепи и Енис Реџеп, за екипата на Каришиака стрелци беа Мемеди, Асани, Адеми, Куртиши и Зендели.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!