Ракомет

Благој Панов се врати во Богданци: Младост доби ново засилување меѓу стативите

Сподели
Сподели

Новиот македонски суперлигаш РК Младост 1977 продолжува активно да го комплетира ростерот за претстојната сезона, а најново засилување е повратникот Благој Панов, кој повторно ќе го брани голот на тимот од Богданци.

Младиот голман, роден во 2004 година, не е непознато име за навивачите на Младост. Панов претходно три сезони успешно го носеше дресот на клубот, оставајќи одличен впечаток со своите настапи и придонес во тимот.

По двегодишниот престој во редовите на Тиквеш, каде што настапуваше во македонската Суперлига и стекна дополнително меѓународно искуство, Панов одлучи да се врати во Богданци и повторно да биде дел од проектот на Младост.

Од клубот веруваат дека неговите квалитети, рефлекси, борбен дух и победнички карактер ќе бидат од големо значење во суперлигашките предизвици што претстојат. Панов ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција и заедно со искусниот Живојин Илиќ и Горан Паунков ќе формира силен голмански тандем во составот на Младост.

Во РК Младост 1977 не го кријат задоволството од враќањето на еден од своите поранешни играчи, потенцирајќи дека клубот продолжува да гради млад, квалитетен и перспективен тим кој ќе има долгорочни амбиции во македонскиот ракомет.

Со ангажманот на Панов, богданчани добиваат сигурност меѓу стативите и уште една причина за оптимизам пред новата сезона во елитното ракометно друштво.

Очекувањата се младиот чувар на мрежата да биде важен дел од тимот и да придонесе за нови успеси на Младост во Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар Бистренци со резултат од 1:3, во меч од 2. коло на...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во...

Ракомет

Јошида најави борба до последен здив: Охрид подготвен за двојниот европски предизвик!

Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, го очекува нов европски...

Ракомет

Алкалоид со девет гола предност патува во Австрија по европскиот билет

Ракометарите на Алкалоид се пред нов европски предизвик, откако со убедлива победа...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!