Останати репрезентацииРепрезентација

Ивановски: Целта е исполнета, Македонија се врати во Втората Светска група

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тениска репрезентација втора година по ред обезбеди пласман во Втората Светска група од Дејвис купот. На турнирот во Кишињев, нашите тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот натпревар ја совладаа Црна Гора со 2:1.

Во групната фаза Македонија претрпе пораз од домаќинот Молдавија, но оствари значајни победи над Косово и првиот носител Грузија.

На вчерашната прес-конференција, претседателот на Тениската федерација на Македонија, Александар Ивановски, истакна дека главната цел била исполнета.

„Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, што и беше нашата примарна цел во Молдавија. Можам да кажам дека настапот беше успешен. Работиме на создавање тим составен од искусни и млади играчи, а најважно е да постои вистинска хемија во репрезентацијата. Се надевам дека подолго ќе останеме во оваа конкуренција и ќе го направиме следниот чекор кон Првата Светска група“, изјави Ивановски.

Тој посебно го пофали Калин Ивановски, кој по серијата повреди и операција успеа да се врати во препознатливата форма.

„Калин се надмина себеси. Минатата година играше повреден, а оваа ги доби сите свои сингл натпревари и покажа дека се враќа на нивото од 2023 година“, рече претседателот на федерацијата.

Пофалби доби и Олег Приходко, кој годинава настапува за Македонија.

„Олег даде максимум. Станува збор за тенисер кој е околу 300-тото место на АТП-листата и има титула од Челинџер турнир. Во првиот меч против Албот играше одлично, но грчевите го спречија да го заврши натпреварот на посакуваниот начин“, додаде Ивановски.

Селекторот Горан Шевченко нагласи дека репрезентацијата продолжува да гради тим кој ќе биде пример за идните генерации.

„Втора година по ред успеваме да избориме промоција во Втората Светска група. Целта е да создадеме силен колектив во кој секој ќе го дава максимумот за државниот дрес. Особено сум задоволен од играта на дублот Калин Ивановски и Олег Приходко, кои покажаа вистински борбен дух и ни ја донесоа решавачката победа“, истакна Шевченко.

Македонската репрезентација својот противник во Втората Светска група за натпреварите што ќе се играат во февруари 2027 година ќе го дознае на жрепката која е закажана за октомври годинава.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јовановски: Разочаран сум од малата покриеност, репрезентацијата заслужува поголема поддршка!

Претседателот на Федерацијата Петар Јовановски, по четвртипат ќе ја предводи македонската делегација...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Капитенот Ѓоргиев: Никој не може да ни го одземе правото да сонуваме!

Капитенот на машкиот национален тим Никола Ѓоргиев и најискусниот во составот Владо...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски: Имаме тешка група, но ние сме максимално подготвени за ЕП!

Селекторот Јошко Миленкоски по вторпат ќе ги предводи најдобрите македонски одбојкари на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!