Гол-шоу синоќа на турнирот во мал фудбал “Ресен 2026” каде уште во првиот меч екипата на Сливница славеше со 3:0.
Во вториот меч Студио 13 беше сигурен против Никем со резултат од 3:1.
Последните две средби беа убедливи за две за екипи кои имаа и чисти мрежи.
Пекара Александар со 4:0 го доби составот на Пропер Претор, а пак АСП Пак со 0:6 славеше над Горан Струја.
Вечерва програмата започнува со мечот меѓу Студио 13 и Инекс Олгица од 19:30, а еден час подоцна Аце Најдески против Пекара Александар.
Спортска Мрежа и годинава медиумски го поддржува овој турнир.