Турнири

„Охрид Куп 2026“ – повеќе од турнир, место каде секое дете е победник

Сподели
Сподели

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“ продолжува да го привлекува вниманието на клубовите, фудбалските школи и академиите од Македонија и регионот. Турнирот ќе се одржи во периодот од 18 до 21 јуни 2026 година во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“, а организаторите најавуваат вистински спортски спектакл исполнет со дружење, натпреварување и незаборавни моменти.

На турнирот ќе учествуваат екипи од генерациите 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019, а главната цел е на децата да им се овозможи квалитетно спортско искуство во средина каде резултатите не се единственото мерило за успех.

Токму затоа и мотото на турнирот е:

„Секое дете е победник“

Без разлика на пласманот и освоените бодови, секој учесник ќе биде награден за својот труд, желба и љубов кон фудбалот.

Што добива секое дете?

🎖️ Медал за учество
👕 Официјална маичка на „Охрид Куп 2026“
⚽️ Голем број натпревари и нови спортски пријателства
📸 Можност да биде дел од интервјуа, видеа и медиумски содржини

Што добива секој тренер?

🎽 Официјални тренерки од турнирот

Што добива секоја екипа?

🎥 Бесплатна медиумска поддршка од „Спортска Мрежа“
📰 Промоција на клубот и фудбалската школа
📊 Следење и објавување на резултатите
⭐️ Промоција на младите таленти
🎤 Интервјуа и изјави
📹 Видео содржини и најинтересни моменти од натпреварите

Во денешно време, кога секој клуб вложува многу труд во развојот на младите фудбалери, медиумската видливост има огромно значење. Токму затоа, „Охрид Куп 2026“ во соработка со „Спортска Мрежа“ ќе обезбеди секоја екипа да добие простор за промоција и претставување пред пошироката спортска јавност.

Дополнителна предност е што екипите кои нема да ја поминат групната фаза ќе продолжат со натпреварување во Сребрената лига, што значи повеќе натпревари, повеќе минути на терен и повеќе можности за развој на младите играчи.

Покрај спортскиот дел, „Охрид Куп 2026“ претставува и одлична можност за дружење и уживање во еден од најубавите градови на Балканот. Организаторите ги повикуваат и родителите, навивачите и поддржувачите на екипите да бидат дел од овој настан.

За сите заинтересирани родители, навивачи и придружници е обезбедена можност за сместување во Охрид по поволни услови, а за повеќе информации можат директно да ги контактираат организаторите.

📞 Контакт за пријавување и информации:

Александар – 078 646 698
Јовче – 070 223 521

Охрид, фудбал, дружење и спомени за цел живот. Бидете дел од „Охрид Куп 2026“ – турнирот каде секое дете е победник!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!