Втора лигаФудбал

ФОТО: Како ќе изгледа Втората лига до сезона 2028/2029 ?

Сподели
Сподели



Втората македонска фудбалска лига од следната сезона ќе биде со 14 екипи, наместо како што беше во претходните сезони со 16 екипи.

Кратењето за две екипи е со цел да се добие на квалитет и посилна конкуренција во самото натпреварување.

Иако имаше најави дека Втората лига ќе се крати и на 12 екипи, сепак Спортска Мрежа според свои информации дознава дека сепак Втора лига до сезона 2028/2029 ќе биде со 14 екипи. Но, за разлика од минатите сезони баражите за опстанок во Втора лига веќе се минато, од следната сезона последните три екипи (14-то, 13-то и 12-то место) ќе испаѓаат директно во Трета лига.

За влез во Втора лига ќе играат шампионите во Трета лига, со оглед на тоа што ќе биде воведен шести региони, шесте шампиони ќе се соочат меѓусебно, а победниците ќе бидат нови третолигаши.

Директен влез во Прва од Втора лига ќе обезбедуваат првиот и вториот во Втора лига, додека пак третопласираниот ќе игра бараж за влез во Прва лига против осмопласираниот прволигаш.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!