Прва лигаФудбал

Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски продолжуваат со Шкендија Арачиново

Сподели
Сподели



Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски верни на Шкендија Арачиново, прилепчаните ставија потпис на нови договори за продолжување на соработката.

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со градењето на ростерот за дебитантската сезона во фудбалската елита на Македонија со продолжување на соработката со фудбалерките кои испишаа историја обезбедување влез на тимот од Арачиново во Прва лига.

Сосема очекувано голманот Антонио Столевски кој беше херој за Шкендија Арачиново во бараж мечот со Пелистер и практично беше најзаслужен што неговиот тим е во Прва лига ја продолжи соработката и за следната сезона.

Од тимот кој го води Берат Имери изразија задоволство што е продолжена соработката и за следната сезона, потенцирајќи дека неговото искуство, професионализам и посветеност на теренот и надвор од него се одлична гаранција за новите предизвици за следната сезона во Прва лига.

Столевски во Шкендија Арачиново пристигна во јануари 2026 година од Слога Виница, а низ неговата кариера го чуваше головите на Брегалница, Победа, Караорман, Кожуф и Велешта.

Во Шкендија Арачиново останува и Николче Шаркоски кој во јануари 2026 година пристигна од Кожуф и ги оправда сите очекувања со одлични игри беше еден од клучните играчи за историскиот успех на тимот од Арачиново пласирајќи се во Прва лига.

„Со својот професионализам, карактер и извонреден придонес на теренот, тој остави неизбришлив белег на најголемиот успех на клубот. Продолжувањето на оваа соработка ги потврдува нашите сериозни цели за новата сезона во Првата фудбалска лига, каде што искуството и квалитетите на Шаркоски ќе бидат голем адут за тимот“, велат од дебитантот во Прва лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!