Турнири

Ускана од Кичево доаѓа на Охрид Куп

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Ускана од Кичево го потврди своето учество на Охрид Куп, овој клуб е посветен на млади фудбалски таленти, а од ФК Ускана имаат излезено бројни фудбалери кои денес играат и во Првата македонска фудбалска лига или во странство, што е потврда за нивната темелна и професионална работа.

Ускана е активна и во женскиот фудбалски клуб, каде исто така бележи големи резултати, за што Спортска Мрежа редовно известува за нивните успеси и во женскиот фудбал.

Ускана на првото издание на Охрид Куп доаѓа со силни генерации и значително ја зголемува конкуренцијата на првото издание.

Дополнително организаторите на Охрид Куп пред три дена отворија пријавувања и за генерација 2014 поради зголемен интерес за учество и со оваа генерација и веднаш се пријавија неколку екипи со што и генерација 2014 ќе биде застапена на овој турнир, кој ќе се одржува од 18 до 20 јуни.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!