Втора лигаТрета лигаФудбал

Ристовски во Кратово, Грујоски ќе им суди на Кожуф и Борец, Качевски главен во Штип, Стојанов во Ѓорче

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Познати судиите за бараж натпреварите за Втората македонска фудбалска лига. Три натпревари ќе бидат одиграни во сабота, а еден меч во недела.

Дуелот во Кратово меѓу Каменица Саса и Еуромилк ГЛ ќе го суди Доне Ристовски, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Роберт Црвенов, а Боби Величков ќе биде четврт судија.

Делегат ќе биде Илија Поп Костов, контролор ќе биде Сашо Лазаревски, комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Кренар Шуку, а комесар за безбедност ќе биде и Стојан Глигоров.

Во Кочани ќе се одигра мечот меѓу Кожуф и Борец, а за правдата ќе биде задолжен Александар Грујоски, негови асистенти ќе бидат Куштрим Лика и Давор Цветаноски, а пак Димитар Пилешков ќе биде четврт судија.

Мијалче Маџунаров ќе биде делегат, а контролор Никола Караколев. Комесар за безбедност ќе биде Атанас Ризов.



Во Штип ќе се соочат третолигашите Победа Валандово и Камјани, а правдата ќе ја дели Јован Качевски, а негови асистенти ќе бидат Владимир Митревски и Јовче Кокевски, а пак Крумислав Ѓоргиев ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата ќе биде Ангел Ташев, контролор е Марјан Кировски, а комесар за безбедност ќе биде Алберто Грозданов.

Последниот бараж меч меѓу Тетекс и Влазними ќе се одигра в недела на стадионот во Ѓорче Петров. Главен судија ќе биде Стојанче Стојанов, негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а пак четврт судија ќе биде Дарко Стојанов.

Делегат ќе биде Тони Петков, контролор Димитар Мечкаровски, а пак комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Славко Дукоски.

Сите мечеви ќе започнат во 16:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!