Турнири

NEW STARS TOURNAMENT 2026 во Скопје обедини повеќе од 500 деца во вистински фудбалски спектакл

Сподели
Сподели



На стадионот Македонски Лавови во Скопје успешно заврши меѓународниот турнир „NEW STARS TOURNAMENT 2026“, кој уште еднаш покажа дека детскиот фудбал носи посебна енергија, искрени емоции и пријателства што остануваат засекогаш.

Во организација на FC New Stars, на турнирот настапија повеќе од 500 деца од различни клубови, градови и држави, во генерациите 2015, 2016, 2017 и 2018. Во текот на целиот ден терените беа исполнети со насмевки, спортски дух, фер-плеј и голем број возбудливи натпревари.

Овој турнир имаше и дополнително значење за домаќините, бидејќи клубот прослави 15 години постоење — 15 години работа со млади фудбалери, создавање таленти и градење на препознатливата NEW STARS FAMILY приказна.

NEW STARS TOURNAMENT 2026 беше дел и од официјалниот AFT календар, што му даде дополнителна тежина на целиот настан. Покрај борбата за престижните трофеи, екипите се натпреваруваа и за вредни AFT поени кои носат подобар пласман на AFT ранг-листата и поголема позиција меѓу регионалните младински турнири.



Титулите на овогодинешното издание ги освоија:
Овче Поле
Еуроспорт
Шампион Лесковац
Њу Старс



Одличен настап и забележителен пласман остварија и екипите Akademija 23, Smiljkovci, Pandev, Maradona, Teteks, Železara…

Комплетните пласмани и освоените AFT поени може да се погледнат на овој линк.

NEW STARS TOURNAMENT 2026 уште еднаш потврди дека Скопје е важна точка на регионалната мапа на младински фудбалски турнири. Организацијата, атмосферата и големиот број насмеани деца создадоа вистинска спортска приказна, а од клубот домаќин испратија јасна порака дека продолжуваат уште посилно, со истата љубов кон фудбалот што ја градат веќе 15 години.



Сподели
Поврзани написи
Турнири

„Враништа 2026“ влегува во самата завршница: Познати полуфиналистите по вечер исполнета со голови и возбудувања

Синоќа беа одиграни четвртфиналните натпревари од турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“,...

Турнири

ФОТО: Тесна победа за Инекс Олгица, Кафе Бар 9 и Чардак Велгошти до големи победи на „Враништа 2026“

Вечерва пред голем број на публика беа одиграни нови три возбудливи натпревари...

Турнири

Ускана од Кичево доаѓа на Охрид Куп

Фудбалскиот клуб Ускана од Кичево го потврди своето учество на Охрид Куп,...

Турнири

Златара Бени и Ерол го „распукаа“ Никем, Екстра Скопско славеше тесна победа на „Враништа 2026“

Вечерва на програмата беа два од три натпревари – првиот меч не...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!