Ракомет

„Сите заедно за Охрид, за Македонија, заедно да испишеме историја!“ – Блажески пред финалната битка

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид е на само еден натпревар од испишување историја, откако во првиот финален меч од ЕХФ Европскиот Куп успеа да слави на гостувањето кај МОЛ Татабања во Унгарија.

Пред реваншот во преполната „Билјанини Извори“, во изјава за Спортска Мрежа, голманот на охриѓани- Бојан Блажески порача дека тимот има причина да жали што не обезбедил и поубедлива предност од Унгарија, но дека сега целиот фокус е насочен кон решавачките 60 минути во Охрид.

„Одигравме фантастично прво полувреме. Водевме со седум голови во еден момент, но победивме со еден. Има за што да жалиме, но сето тоа е зад нас. Јас сметам дека доколку критериумите на судиските одлуки во вториот дел, беа исти како во првото полувреме, сигурен сум дека ќе имавме поголема разлика.“- изјави Блажески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Исто така, тој истакна дека одбраната, агресивноста и огромната желба се најсилните адути на Охрид сезонава и верува дека токму тие ќе бидат пресудни и во реваншот.

„Сега сме фокусирани само на недела. Одбраната ќе биде клуч за европскиот пехар, нè краси цела година, како и агресивноста, борбата и желбата. Така ќе биде и во недела- ќе дадеме сè од себе да се радуваме сите заедно и да ја паметиме оваа неверојатна сезона со Титула. ,,Билјанини Извори” се распродаде за 15 минути и ги повикувам сите присутни да ни дадат ‘ветер во грб’.”

ФОТО: ГРК Охрид

Голманот испрати и порака до навивачите, нагласувајќи дека поддршката од трибините може да биде клучна во битката за европскиот трофеј.

,, Вие сте дел од тимот и во ова финале ни е потребна огромна поддршка. Сите заедно за Охрид, за Македонија, поддржете нè во обидот да испишеме историја!”- заврши Блажески.

ФОТО: ГРК Охрид

Реванш- финалето меѓу ГРК Охрид и МОЛ Татабања ќе се игра в недела од 20:00 часот, во атмосфера која веќе се најавува како една од највозбудливите во македонскиот ракомет оваа сезона.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!