Турнири

Нула во дербито на АСП Пак со Чардак Велгошти, Охридски бисер Филеви ја доби голеадата на „Враништа 2026“

Сподели
Сподели



Вечерва се одиграа нови три натпревари од турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“, а првиот меч донесе чисти мрежи откако АСП Пак и Чардак Велгошти ремизираа без голови (0:0).

Ниту на вториот победник немаше победник, но имаше шест гола – Инекс Олгица и Аце Најдески ги поделија бодовите откако одиграа 3:3.

Третиот меч поднесе фантастични 14 погодоци – голеадата ја доби Охридски бисер Филеви кој со 8:6 го доби Термити Битола.

Утре на програмата се нови натпревари. Првиот меч тимот на Никем против Агро Рес ќе го добие службено, бидејќи екипата на Агро Рес е исфрлена од натпреварување, вториот меч е од 21 часот Никем против Златара Бени и Ерол, а третиот меч е меѓу Екстра Скопско и Аце Најдески од 22 часот.

Спортска Мрежа традиционално речиси десетина година медиумски го поддржува овој спортски настан.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!