Ракомет

ВИДЕО: Радовиш со победа ја заврши суперлигашката сезона, легендарниот Паунов ги „закачи патиките“

Сподели
Сподели



Ракометарите на Радовиш со победа се простија од суперлигашкото друштво, откако во последното коло од плеј-аут фазата славеа против Струга со 32-29, а натпреварот имаше и силна емотивна нота — легендарниот голман Славјан Паунов го одигра последниот меч во својата богата професионална кариера.

Радовишани, кои и покрај испаѓањето во понизок ранг, не дозволија сезоната да ја завршат без победа, пред својата публика стигнаа до единствениот триумф сезонава. Струга настапи во комбиниран состав, со мислите насочени кон баражот за опстанок против Младост Богданци, а домаќините тоа знаеја да го искористат.

Најефикасен кај Радовиш беше Филип Костадинов со девет погодоци, додека Илија Димов постигна пет. Кај стружани се издвоија Наум Костов со осум и Бобан Савевски со шест голови.



Но, резултатот овојпат беше во втор план. Сите погледи беа вперени кон Славјан Паунов — популарниот Цаци, човекот кој со години беше симбол на Радовиш, борец, лидер и миленик на публиката.

На 45-годишна возраст, искусниот голман реши да стави крај на кариерата во која остави длабока трага во македонскиот ракомет. Паунов, кој потекнува од Кочани, во неколку наврати беше дел од Радовиш и практично овој град стана негов втор дом. Секогаш кога било најтешко, кога клубот се борел за опстанок, бодови и достоинство, Цаци бил тука — со своите одбрани, искуство и огромно срце.



Во текот на кариерата настапуваше и за Борец ФЛ, Овче Поле и Тиквеш, а со екипите од Свети Николе и Кавадарци играше и на европската сцена во Челинџ Купот.

И оваа сезона Паунов покажа дека класата е вечна. На 45 години бранеше како во најдобрите денови, потврдувајќи зошто ужива огромна почит кај радовишката спортска јавност и кај верната навивачка група „Лебари“.

Со последниот судиски свиреж заврши една голема кариера, а Радовиш и македонскиот ракомет испратија искрен аплауз за човекот кој остави неизбришлива трага меѓу стативите.

Цаци мајсторе, благодариме за сè. Македонскиот ракомет е горд што имаше професионалец како тебе. Од редакцијата на Спортска Мрежа ти посакуваме убави „пензионерски“ денови, има што уште да му даде на македонскиот ракомет, но сега во поинаква улога, те чекаме пак во сала.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но следниот предизвик бара ново докажување. Македонскиот шампион во среда, од 19...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата од 0:1 над Вардар во Скопје се доближи на само еден...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!