Ракомет

Татабања без еден од клучните ракометари за реваншот во Охрид

Сподели
FOTO: MOL Tatabánya KC
Сподели

МОЛ Татабања ќе биде значително ослабена за реваншот против ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, откако унгарскиот состав остана без еден од своите клучни играчи.

Матеј Хавран заработил сериозна повреда на првиот финален натпревар одигран во Унгарија, по што деталните прегледи потврдиле кинење на предните вкрстени лигаменти. Тоа значи дека ракометарот нема да може да настапи на реваншот кој следува во Охрид.

Иако нема да биде дел од тимот на теренот, Хавран сепак ќе патува со екипата во Македонија, каде од трибините ќе им дава поддршка на своите соиграчи во обидот да стигнат до европскиот трофеј.

FOTO: MOL Tatabánya KC

Реванш- финалето меѓу ГРК Охрид и МОЛ Татабања е закажано за 31 мај со почеток од 20:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“, каде се очекува исполнета сала и голема атмосфера за последната битка за европската титула.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!