Турнири

Вистони ЖП ја демонстрираше својата моќ на „Куклиш 2024“, висока победа и за Јови МК од пет гола!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Вечерва се одиграа првите три натпревари од овогодишениот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, а на стартот Вистони ЖП однесе убедлива победа од 11:0 над Еро Градба.

Гогов и Черкезов постигнаа по три гола за победничката екипа, по два гола Трајков и Коцев, а пак стрелец на еден гол беше Божинов.

Во вториот меч Чореви Транс со 5:3 славеше над ЕАМ Џурџу, во меч каде за победничката екипа стрелци беа Дрвошанов, Стојковски, Крстев, Иванов и Митров, а пак за поразената екипа стрелаа Гогов, Миташев и Ивановски.

На стартот од турнирот Фенербахче доживеа тежок пораз од екипата на Јови МК со резултат од 1:5, каде за победничката екипа двојни стрелци беа Бучков и Глигоров, а пак Гавровски беше стрелец на еден гол. За поразената екипа единствен стрелец беше Бушин.

Утре ќе бидат одиграни нови три натпревари. Во 19 часот Јен Оил ќе игра против Фурна Марфи, еден час подоцна Фенербахче против Парналија Спор, а од 21 часо Куклиш против Баџо Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Отворени пријавувањата за Меморијалниот турнир „Сашко Гелов – Шулц“ – обезбеден награден фонд од 300.000 денари

Во тек се пријавувањата за шестото издание на Меморијалниот турнир во мал...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!